На локални избори најверојатно ќе се оди по стариот изборен модел. Мали се шансите до следната недела да се постигне договор за измени на Изборниот законик.Министерот за правда вели дека се` уште има простор за договор, но нема преголеми очекувања.
Партиите досега постигнале договор да ги вклучат препораките на ОБСЕ-ОДИХР во Изборниот законик во врска со функционирањето на ДИК, финансирањето на кампањата и медиумскиот простор за рекламирање, и тие ќе бидат доставени како предлози до Собранието во текот на оваа недела.
Министерот тврди дека нема да предлага никакви други измени без да се постигне консензус со политичките партии кои имаат свои претставници во Државната изборна комисија.
Далиборка Демјанска
