Македонија Топ вести

На ученици кои го бојкотирале воведувањето на дигиталните учебници им се намалени поведенијата

Ученици во основни и средни училишта од Скопје, Гевгелија, Битола и Прилеп, крајот на учебната година го дочекаа со намалени поведенија поради бојкотот на наставата, мотивиран од воведувањето на дигиталните учебници во четврто одделение од септември.

Од Иницијативата „Учебници и настава мора да има“, сметаат дека е тажно да се прави притисок врз учениците зашто бојкотот е дозволен со закон како демократско право и дека особено е лошо што намалените поведенија може да влијаат на учениците од 9 одделение при запишувањето во средните училишта.

Од иницијативата апелираа до родителите на учениците,  да побараат од училиштата писмени известување зошто им се намалени поведенијата на децата, за да можат со нив да упатат преставки до Народниот правобранител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворен простор, активен е пожарот кај Белица во Македонски Брод

Дејан Дејан

Во креветот во спалната соба криеле дрога – полицијата објави снимка од претресот на станот

Дејан Дејан

Втор ден општа расправа по предлог ребаланост на Буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе