Вести Македонија Топ вести

Радев: Ја поддржуваме европската интеграција на Северна Македонија

Претседателот на Бугарија Румен Радев имал видеоконференциски разговор со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли. Разговорот бил инициран од претседателот на Европарламентот, Сасоли.

Двајцата соговорници се осврнале на мерките за справување со пандемијата на коронавирусот, како и за теми кои се на дневен ред на Европската Унија, со фокус на политиката на проширување. Бугарскиот претседател истакнал дека неговата земја принципиелно и доследно ја поддржува европската интеграција на Македонија. Румен Радев посочил и дека Бугарија очекува одржливи резултати во процесот на градење добрососедски односи и во тој поглед е најважен директен и отворен дијалог меѓу двете најблиски земји на Балканот за да се постигне вистински напредок.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Два потврдени случаи на Западнонилска треска во Македонија

Дејан Дејан

Илјадници Иранци присуствуваа на првиот ден од погребната церемонија на ајатолахот Хамнеи во Техеран

Дејан Дејан

Голем напад со дронови врз Санкт Петербург

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе