Македонија

Уривање на дивоградби во Охрид

Петнаесетина работници со багери и друга градежна механизација утрово продолжија со уривање на платформата на плажата „Куба Либре“ во Охрид. И денеска околу објектот имаше засилено полициско обезбедување. Сопствениците на двата соседни објекти „Кадмо“ и „Бела Виста“, сами ја отстрануваа металната конструкција. Акцијата за уривање на дивоградбите ја спроведува локалната самоуправа, по бројните критики во извештаите на УНЕСКО и опасноста Охрид да биде ставен на листата светско наследство во опасност.

Охриѓани се со поделени ставови околу уривањето на дивоградбите. Едни велаат дека конечно треба да се расчисти со хаосот, други, дека овие активности можат да ѝ наштетат на туристичката сезона

Поранешните концесионери денеска не сакаа да зборуваат пред камера, но велат дека ги собираат сите документи и битката ќе ја водат низ институцииите. Менаџерите на „Куба Либре“ вчера,  обвинија дека не биле известени за уривањето, демантираат дека со истечени концесии нелегално направиле профит од 3 милиони евра и тврдат дека плаќале закупнина.

Ние најдовме начин по старата концесија да плаќаме кирија, концесијата е платена до 28.02.2021 година. Да нема лажна слика дека правиме некаков криминал, вели Марјан Маловчев, менаџер на „Куба Либре“.

Од Општина Охрид им одгворија дека решенијата за уривање на дивоградбите на плажите се изготвени во 2017, а пред десетина дена повторно им се доставени и велат дека не е точно дека била плаќана концесија.

Плажата „Куба Либре” работела без концесија и остварувала приходи на државно земјиште на штета на општината и државата. И покрај тоа што немале активен договор за концесија, непречено обавувале угостителска дејност, остварувале приходи и извршиле доградување и проширување на објектите со што узурпирале атрактивно земјиште од крајбрежјето и граделе платформи во езерото, пишува во соопштението на Општина Охрид

Откако ќе завршат активносите во овој дел од крајбрежјето, багерите ќе се преместат кон населбата Канео. Од Општина Охрид за Телма велат дека по уривање на платформите, плажите ќе бидат на располагање на посетителите.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе