Петте цистерни мазут кои минатата недела биле вратени од граница поради повисок процент на вода од дозволеното, а кои беа дел од како дел од засилените контроли на увозот на нафтени деривати биле наменети за увозникот Супертрејд, објави порталот 360 степени, повикувајќи се на извори во Царинската управа. „Сите пет цистерни се на компанијата ‘Супертрејд’ ДОО Скопје. Кај нив сулфурот е во ред, но утврден е вишок на вода…
Потеклото на мазутот е од Република Бугарија и тој е вратен за Бугарија“ – вели исворот од Варинската Управа кој го цитира 360 Степени. Од компанијата пак изјавиле дека тие се оштетени во случајот бидејќи примероците биле земени непрофесионално и од царински службеници наместо овластени и обучени лица, а анализите, кои компанијата сама ги направила преку акредитирана лабораторија во Бугарија, покажале дека квалитетот на мазутот не отстапува од домашните стандарди.
Владата спроведе темелна истрага околу увозот на мазутот, за која првично се сметаше дека се инолвирани три фирми увознички, минатата недела ја прошири, а резултатите од истрагата се очекува да бидат соопштени во среда.
