Македонија Топ вести

Цистерните мазут кои минатата недела биле вратени од граница биле наменети за „Супертрејд“, објави 360 степени

Петте цистерни мазут кои минатата недела биле вратени од граница поради повисок процент на вода од дозволеното, а кои беа дел од како дел од засилените контроли на увозот на нафтени деривати биле наменети за увозникот Супертрејд, објави порталот 360 степени, повикувајќи се на извори во Царинската управа. „Сите пет цистерни се на компанијата ‘Супертрејд’ ДОО Скопје. Кај нив сулфурот е во ред, но утврден е вишок на вода…

Потеклото на мазутот е од Република Бугарија и тој е вратен за Бугарија“ – вели исворот од Варинската Управа кој го цитира 360 Степени. Од компанијата пак изјавиле дека тие се оштетени во случајот бидејќи примероците биле земени непрофесионално и од царински службеници наместо овластени и обучени лица, а анализите, кои компанијата сама ги направила преку акредитирана лабораторија во Бугарија, покажале дека квалитетот на мазутот не отстапува од домашните стандарди.

Владата спроведе темелна истрага околу увозот на мазутот, за која првично се сметаше дека се инолвирани три фирми увознички,  минатата недела ја прошири, а резултатите од истрагата се очекува да бидат соопштени во среда.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Стара куќа, обрасната со трева, или борова шума, ќе видиме што ќе биде приоритет

Sasko Dimovski

Судир на ставови за новата дозвола на „Титан УСЈЕ“ – граѓаните со критики, институциите во одбрана

Sasko Dimovski

Се прават пресеци, се гасне на земја и од воздух, една куќа во Бучиште изгоре, неколку се опожарени – беснеат пожари во Штип и Пробиштип

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе