Македонија Топ вести

Со спот за обновлива енергија во ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола, ДУИ ја започна зелената агенда

ДУИ го објави првиот проект од зелената агенда.За аналитичарите ова е евтин ПР алатка во пресрет на локалните избори и барање начин како да се опстојува во иднина по примерот на европските зелени партии.Премиерот Заев  е убеден дека со ваквиот потег партијата ја заокружува етничката агенда а ВМРО ДПМНЕ смета дека се работи за предизборна манипулација.

Со спот за обновлива енергија и искористување на сончевата светлина во ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола, ДУИ ја започна зелената агенда.Стануваат дел од Европскиот зелен договор и отсега натаму фокусот ќе им биде насочен кон животната средина.Аналитичарите сметаат дека ваквиот потег е ирониен со оглед на  фактот што од 2008 година оваа партија во континуитет е на високи раководни функции во Министерството за животна средина и во оваа област ништо не е направено.ДУИ бара начин како да се ребрендира и опстојува во иднина посакувајќи да биде како европските зелени партии, вели Сефер Селими.

Зелената агенда на ДУИ ќе трае само до  локалните избори.

Премиерот Заев смета дека е добро што ДУИ ја заокружува етничката агенда, додека за ВМРО ДПМНЕ ова е уште една предизборна манипулација.

ДУИ и во наредните оденови ќе ги објавува своите проекти а целта им е да станеме регионални и европски лидери во оваа област.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Јас сум за насилно гаснење на пожари, човечкиот живот е врвен приоритет

Sasko Dimovski

Командниот ланец кај нас, за жал, е скратен, што почне пожар, веднаш се бараат авиони, вели Ангелов

Sasko Dimovski

Ангелов: Договорен сум за прием на два пилота, ги повикувам сите останатите со над 400 часови летање да дојдат да поразговараме

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе