ДУИ го објави првиот проект од зелената агенда.За аналитичарите ова е евтин ПР алатка во пресрет на локалните избори и барање начин како да се опстојува во иднина по примерот на европските зелени партии.Премиерот Заев е убеден дека со ваквиот потег партијата ја заокружува етничката агенда а ВМРО ДПМНЕ смета дека се работи за предизборна манипулација.
Со спот за обновлива енергија и искористување на сончевата светлина во ТЕЦ Осломеј и РЕК Битола, ДУИ ја започна зелената агенда.Стануваат дел од Европскиот зелен договор и отсега натаму фокусот ќе им биде насочен кон животната средина.Аналитичарите сметаат дека ваквиот потег е ирониен со оглед на фактот што од 2008 година оваа партија во континуитет е на високи раководни функции во Министерството за животна средина и во оваа област ништо не е направено.ДУИ бара начин како да се ребрендира и опстојува во иднина посакувајќи да биде како европските зелени партии, вели Сефер Селими.
Зелената агенда на ДУИ ќе трае само до локалните избори.
Премиерот Заев смета дека е добро што ДУИ ја заокружува етничката агенда, додека за ВМРО ДПМНЕ ова е уште една предизборна манипулација.
ДУИ и во наредните оденови ќе ги објавува своите проекти а целта им е да станеме регионални и европски лидери во оваа област.
Јулијана Пешевска
