Македонија Најважни

Заев: Градиме пријателства и соработка, очекуваме ЕУ да го испорача заслуженото

За попладне е закажано заедничкото чествување на сесловенските просветители во Рим, по што се очекуваат и изјавите од македонскиот и бугарскиот претседател.

А премиерот Заев вели дека Македонија нема дилеми да ги испорача гаранциите. Од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка, вели Заев по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.

Во интервју за „Фокус“ тој смета дека претседателот Радев, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса пријателството меѓу Македонија и Бугарија да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа.

Заев е задоволен од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија Аугусто Силва и еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна ги соопштија по посетата на Софија и Скопје, и надеж дека на крајот на денот Европската Унија ќе го испорача она што го очекуваме.

За предлогот на опозицијата да се напушти договорот и да се направи нов, со повеќе меѓународни гаранции, премиерот Заев вели дека е многу несериозно да се откаже договор, кој веќе почна да се реализира.

Договорите се обврска на двете страни кои ги потпишуваат, рече Заев, и додава дека за разлика од некои други историски комисии на кои им требале 20 години за да најдат решение, Македонија и Бугарија успеаа за две години да договорат пет историски личности и три периоди за заедничко славење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе