Свет Топ вести

Републиканците остро кон Фаучи дали Си Џипинг ја држи СЗО в џеб

Републиканците во Сенатот го нападнаа главниот американски епидемиолог поради неговите ставови за потеклото на вирусот Ковид – 19, како и за предходното финансирање на американската влада на Институтот за вирусологија во Вухан. Агресивното испитување на докторот Антони Фаучи на сослушување пред Сенатот следуваше откако американскиот претседател Џо Бајден им нареди на службите да ги „дуплораат“ напорите за истражување на потеклото на Ковид-19, вклучувајќи ја и теоријата дека потекнува од лабораторија во Кина. Бајден смета дека истражувалите во САД се со поделени мислења околу тоа дали вирусот е резултат на лабораториски инцидент или се појавил како репоследица на човечки контакт со заразено животно. Американскиот претседател им даде рок за одговор од 90 дена.

Но, републиканците во сенатот повторно ја промовираа теоријата на поранешниот претседател Трамп дека вирусот се појавил во лабораторија и како што рече сенаторот од флорида, Марко Рубио, Кина има историја на лабораториски несреќи. Фаучи го негираше тоа и беше цврст во ставот дека е гома веројатноста вирусот да е создаден природно.

Отсекогаш сум велел дека е голема веројатноста ова да е природна појава. Јас не пропуштив ништо, само реков дека голема е веројатноста дека ова е природна појава од околината на резервоар за животни што сè уште не сме го идентификувале Јас сè уште стојам на тоа, рече Ентони Фаучи, директор на Институт за инфективни болести на САД.

Кинеската амбасада во САД предупреди дека не треба да се „политизира“ истрагата. Кинеските власти постојано негираат дека лабораторијата е одговорна за појавата на коронавирусот и дека САД и другите земји се обидуваат да го свртат вниманието од сопствените неуспеси во борбата против Ковид-19. СЗО се подготвува да ја започне втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот и бара од Кина поголем пристап. Според заедничката студија на Кина и СЗО објавена во март вирусот најверојатно не излегол од лабораторијата и најверојатно се проширил од лилјаци на луѓето преку сè уште неидентификуван вид. Оттука републиканците остро кон Фаучи со прашање дали верува дека СЗО работи независно.

  • Можеме ли да се согласиме дека ако го земете претседателот Си Џипинг и го свртите наопаку и го тресете, Светската здравствена организација ќе падне од неговиот џеб? – Joн Кенеди, републикански сенатор од Луизијана.
  • Мислам дека не можам да одговорам на тоа прашање, господине, одговори Фаучи.
  • Па, дали мислите дека претседателот Си Џипинг  има непобитно влијание врз Светската здравствена организација? – праша Кенеди.
  • Нема начин да го знам влијанието на претседателот на Кина врз СЗО, призна Фаучи.

За првпат вирусот беше откриен во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година, повеќе од 168 милиони случаи на Ковид-19 се потврдени ширум светот и пријавени се најмалку 3,5 милиони смртни случаи.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Иранците се собраа на церемонија за починатиот врховен лидер, Али Хамнеи

Kristina Kuzmanovski

Трамп со порака пред самитот: „Смешно“ е САД да го продолжат едностраниот однос со НАТО

Kristina Kuzmanovski

Португалија за влакно ја победи Хрватска, ВАР им поништи голови на Хрватите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе