Пратениците во Собранието се вакцинирани со втората доза и, со оглед на тоа дека поминаа повеќе од две недели од ревакцинацијата, претседателот Талат Џафери планира наредната седница да биде во редовната сала.
На тоа сепак, нагласи Џафери, треба да претходи препорака и оценка на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство.
Наредната седница треба да биде на 8 јуни. На оваа седница на дневен ред ќе се најде и законот за легализација на дивоградби, кој претседателот Пендаровски не го потпиша.
За да биде изгласан, треба да гласаат минимум 61 пратеник, по што претседателот треба да го потпише, но практиката покажала дека не мора да биде така.
До крајот на јуни се очекува расправа и гласање за ребаланс на буџетот.
