Македонија Најважни

Пендаровски: Во овој момент сум реалист и умерен оптимист

Ставот на Софија, кој во овој момент го формулира само претседателот Радев, бидејќи нема други функционални институции, Пендаровски, е дека вратата не е затворена во однос на португалскиот предлог, истакна претседателот Стево Пендаровски по билатералната средба во Рим со неговиот италијански колега Серџо Матарела.

Шефот на државата нагласи дека Македонија нема никаков проблем мониторинг за почитување на договореното да извршува ЕУ, или некоја друга трета страна. Во однос на можноста за отворање посебно поглавје, кое би се однесувало на почитувањето на договореното, Пендаровски вели дека нема проблем со посебни поглавја, ниту со патокази и какви било други документи, но она за што е заинтересиран е нивната содржина, што пишува во нив.

Тој информира дека сигурно наредните денови ќе доставиме предлози, кои ќе се базираат на акционите планови, секторската соработка, кои, како што рече, ги правевме и во ноември и во декември, ги доставуваме и до Брисел и до Софија. Посочи дека нема иновација во тој дел, а вклучена патна е и енергетска инфраструктура, медиумска соработка, културата, образование.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фотогалерија)Со пари добиени од ЕУ е набавена опрема за македонската армија

Tea Dimkovska

Реплек одбележува 10 години од првото производство на производи на база на медицински канабис – првиот КА-информативен центар во регионот обезбедува бесплатни и стручни информации за пациентите  

Sonja Petrusevska

Паметни камери од денеска ги следат најкритичните точки за избувнување пожари

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе