Европската Унија им го забрани прелетите на Белоруските авиони над европското небо, откако литванскиот авион со кој патувал еден белоруски дисидент беше киднапиран во летото и присилен да слета во Минск, каде тој бил и уапсен.
Ова е напад против демократијата и слободата на изразување, како и напад против европскиот суверенитет, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа дополни и дека одлуката за санкции против лицата кои учествувале во киндапирањето но и бизнисите и економските тела кои го финансираат режимот на Лукашенко, била донесена едногласно.
“Киднапирањето на авионот исто така е планирано и непотребно предизвикување на вонредна безбедносна ситуација. Тоа вклучуваше неоправданата интервенција на воен авион. Службата за воздушна навигација беше злоупотребена за да и помогне на државата да изведе киднапирање за државата. Затоа, веќе не можеме да веруваме во сигурноста и безбедноста на летовите низ Белорускиот воздушен простор и Советот ќе усвои мерки за забрана на прелетите преку воздушниот простор на ЕУ и ќе забрани пристап до аеродромите, аеродромите во ЕУ, за белоруските авиони” – изјави Фон дер Лајен.
Најголемите европски авиокомпании веќе започнаа да ги пренасочуваат летовите надвор од воздушниот простор над Белорусија.
Германската Луфтханза и холандската КЛМ меѓу првите го послушаа повикот на Европската Унија, додека Обединетото Кралство ја повлече работната дозвола за белоруската авиокомпанија Белавиа.
26 годишниот Роман Протасевич патувал со авион од Грција до главниот град на Литванија, Вилнус , кој беше пресретнат во неделата од белоруските авиони и присилен да слета заради наводната закана од бомба.
Западните земји ја обвинија Белорусија за киднапирање на авионот.
Белоруските власти денеска објавија и видео снимка со изјава на Роман Протасевич, која очигледно била снимена под принуда по неговото приведување на аеродромот во Минск.
На снимката Протасевич ги демантира наводите дека е во лоша здравствена состојба и истовремено ги признава кривичните дела за кои е обвинет од режимот на Лукашенко.
“Во моментов сум во истражен притвор во Минск. Можам да кажам дека немам никакви здравствени проблеми, ниту со моето срце ниту со другите органи. Третманот од официјалните претставници е максимално коректен и според законот. Сега продолжувам да соработувам со истрагата и признавам дека ги организирав масовните безредија во Минск” – вели Протасевич.
Семејството и опозиционите соработници на Пратасевич предупредија дека е голем ризикот тој да биде измачуван додека е во притвор и се плашат за неговото здравје.
Доколку биде прогласен за виновен по обвинувањата од режимот на Лукашенко, Пратасевиќ се соочува со можен затвор од 15 години.
Белоруските власти се правдаа дека присилно го слетале литванскиот авион заради примената закана од Хамас дека поставиле бомба во леталото.
Хамас секака ја негираше информацијата а оваа група нема ниту таква историја или способност да изведат операции надвор од Израел и палестинските територии.
Никола Илиевски
