Македонија Топ вести

Ганиу сака пак да се кандидира, но за тоа ќе решаваат лидерот и органите на ДУИ

Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска изјави дека има волја да се кандидира за втор мандат, но рече, за тоа ќе одлучуваат органите и лидерот на ДУИ.

– И на почетокот пред да бидам избран, имам кажано дека моја цел е да бидам градоначалник два мандата ако ме послужи здравјето и ако народот ме избере. Волја имам да се кандидирам за втор мандат, но тоа не значи дека јас одлучувам. За тоа ќе одлучат органите и лидерот на партијата врз база на анализи и на сите информации што ќе ги апсорбираат, рече тој на денешната промоција на 19 смарт табли во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Општина Чаир.

На новинарско прашање за појава на групи во партијата, Ганиу рече дека не се добри моменти, но посочи дека секој револт што се појавува им овозможува како партија да се консолидираат и да се коригираат грешките.

– Групи има не само кај нас, туку и во секоја партија. Изгледаат дека не се добри, но некогаш може да излезат на позитивен резултат, бидејжи секој револт што се појавува секако дека како партија ни овозможува да се консолидираме и за ги видиме грешките и да ги коригираме таму каде што ги имаме, рече градоначалникот Ганиу.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Доктор Трамп објави видео како ги лекува сите критичари

Kristina Kuzmanovski

 „СОС“ Венецуела“ проектирано на статуата на „Христос спасителот“ во Рио

Kristina Kuzmanovski

Амандманска расправа за ребалансот на Буџетот

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе