Ковид19 Свет

Гебрејесус: Ова е време за храбри идеи

Повеќе од 115.000 здравствени работници ширум светот ги загубија животите во борбата против пандемијата на Ковид-19, а уште многу повеќе ќе починат доколку пандемијата продолжи да дивее, предупреди Генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус, во своето обраќање на Годишното собрание на организацијата. Гебрејесус упати пофалби за медицинските работници за кои рече дека биле на работ меѓу животот и смртта во својата секојдневна борба за спасивање животи.

Ваши екселенции, дојдовме до раскрсница на патот. Ако продолжиме по старо, ќе го добиеме истиот резултат, свет кој е недоволно подготвенм небезбеден и неправеден. Бидете сигурни, ова нема да биде последен пат кога светот ќе се соочува со заканата од пандемија. Еволуциска сигурност е дека ќе има друг вирус со потенцијал да биде уште попренослив и уште посмртоносен од овој. Ова не е време за поединечен напредок, или тапкање околу рабовите. Ова е моментот на храбри идеи, храбра посветеност и храбро лидерство, за да постигнеме работи кои никогаш претходно не биле постигнати, порача Гебрејесус.

Генералниот директор на СЗО исто така предупреди дека бројот на починати оваа година, за само три недели ќе го надмине бројот од целата мината година и додаде дека претстои уште многу работа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рама не се повлекува од проектот со Кушнер за луксузен туризам во јужна Албанија

Дејан Дејан

Трамп го обвини Иран дека соборил американски хеликоптер Апачи, ветувајќи одговор

Дејан Дејан

Унгарскиот парламент едногласно одобри намалување на платите на пратениците за 40%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе