Култура Топ вести

Министерството за култура раскинува договори за 21 одобрен проект и си ги бара парите назад

По спроведената внатрешна контрола од Секторот за инспекциски надзор , Министерството за култура ќе ги раскине договорите со корисници на одобрени проекти од минатата година , кои не доставиле доказ дека ги реализирале или дека за нив не доставиле коплетна документација.

Се работи за евидентирани вкупно 21 проект од музичката и музичко- сценската , фолклорната и интердисциплинарната дејност. Министерството ќе бара поврат на исплатените средства од корисниците на овие проекти, во вкупен износ од над 2 милиони и 500 илјади денари.

“Целата постапка се одвива пред надлежен судски орган за чиј исход Министерството за култура , како и корисниците имаат должност за постапување. Доколку корисникот не ги врати доделените сретства , тој нема право на учество на конкурсите на Министерството за култура, во следните три години” – тврдат од министерството за култура.

Дополнително, за 11 проекти од музичката и музичко – сценската дејност се врши инспекциски надзор и по неговото завршување инспекторот за култура ќе достави соодветни мерки за нивно разрешување. А, за 76 одобрени проекти од споменатите дејности, во периодот по ланските парламентарни избори во јули,  се бара контрола за утврдување  на законската основаност .

 “Министерството за култура ќе ги информира Државниот завод за ревизија, ДКСК и  Управата за финансиска полиција , со цел тие согласно надлежностите утврдени со Закон, да извршат контрола на работењето на Министерството за култура, во делот на законската основаност на склучени договори и анекси на договори на 24.07.2020 година” – велат од култура.

Во периодот, од 1 септември 2020 година до 31 јануари оваа година, во овој ресор беа раскинати договори за проекти , во вкупна вредност од над 70 милиони денари, по спроведена внатрешна ревизија. Таа и тогаш утврди дека  одобрените проекти биле нереализирани или немале уредна документација.

Станува збор за одобрени проекти од претходниот министер Хисни Исмаили, кој отфрли секаква поврзаност со незаконско делување.

Со одлука на Владата, Министерството за култура ќе исплати сретства во висина од над 29, 5 милиони денари, за реализирани проекти од лани, од областа на фолклорот, музичката и  музичко- сценската и интердисциплинарната дејност.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Корупцијата почнала во Агенцијата која требалa да ги штити европските фондови – рече обвинителката на судење за ИПАРД во кој е обвинет и функционер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе