Вести Македонија Најважни

Инспекторите во одбрана на директорот

Нареднава недела ќе се знае дали Стојко Пауновски заминува од директорското место во Пазарниот инспекторат. Владата најави разрешување, што може да се случи веќе во вторник, а неговите колеги се надеваат дека министрите ќе се премислат, откако ќе ги сослушаат нивните аргументи.

На петицијата што утре ќе биде поднесена во Архивот на Владата, потпишани се над 90 одсто од вработените во Пазарниот инспекторат од сите возрасти, етнички и партиски определби, вели портпаролката Александра Котели. Бараат Владата да  земе предвид  дека Инспекторатот изразил подготвеност да преземе 12 од предложените 33-ца од програмата К-5 и за нив се прават измени во систематизацијата. Тоа се „рамковно вработени“ со економски или правен факултет,  со кои веќе имало интервјуа за нивно конкретно ангажирање. Но, во Инспекторатот не треба да работат детективи, криминалисти и јавна администрација, смета директорот Пауновски, а неговите колеги се согласуваат и дека потребата од кадровско зајакнување е поголема во источниот дел од земјата, а не во западниот. Се зголемува и поддршката на социјалните мрежи, но тој лично не одговара на телефонските повици.

И Владата молчи на прашањето дали ќе има разговори со вработените во Инспекторатот или Пауновски ќе биде разрешен на првата владина седница. Изминативе денови, прво премиерот Заев најави таков одговор на отпорот на директорот, а потоа министрите Љупчо Николовски и Артан Груби испратија заедничко сооопштение.

Не треба да се манипулира јавноста. Ова распоредување е согласно закон и одлука. Ќе има и 104 нови вработувања на инспектори во инспекторатите и тоа не е поврзано со распределбата на вработените заради правична застапеност. Премиерот Заев се обидел да оствари директна комуникација со Пауновски заради изнаоѓање заедничко решение, но тој не одговорил на повикот. За непочитување на одлука на Влада, предвидени се постапки, меѓу кои и разрешување.

Во јануари годинава, Владата реши да им даде работа на над илјада и 300 „рамковно“ вработени во периодот од 2008 до 2015-та. 143-ца треба да преминат во МВР, каде што исто така се појавуваат  специфични барања за безбедносни сертификати. УЈП се подготвува да преземе 101, Царината 74-ца. Акцијата треба да ја реализираат 237 институции.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе