Вести Македонија Топ вести

Пратениците на боцкање, очекуваа „Фајзер“- добија „Спутник В“

Собранието се пресели во спортската сала „Борис Трајковски“. На ред дојдоа пратениците како дел од критичната инфраструктура од националниот план за вакцинација. Наместо вакцина за помирување и нормализирање на работата на парламентот одново влегоа во дебата. Очекуваа Фајзер добија Спутник В. Граѓаните избирале тие не негодува дел од пратениците.

Еден под еден во ред влегува во кабините. Ги предводеше спикерот Талат Џафери. Ги пријавил сите 120, а самите бираат дали ќе се боцнат или не. Џафери се надева дека во втората половина на мај сите ќе седнат во клупа и ќе се врати нормалниот начин на работа на законодавниот дом,

Завојуваните табори на политичките партии од парламентот очекуваат вакцината да ги смири страстите и граѓаните да ја гледаат собраниската сала полна.

Вакцините се безбедни порачаа дел од пратениците со цел да ги охрабрат граѓаните.

Дел од собраниската служба прими вакцина. Неофицијално се очекуваше народните избраници да добијат Фајзер. Министерот Филипче објасни дека денеска се трошат последните дози на руската вакцина а од утре возрасните граѓаните и критичните категории продолжуваат да се вакцинираат со Фајзеровата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гласањето будно го следи и Привремената комисија на ЈО

Дејан Дејан

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Дејан Дејан

Даштевски: Утринава правото на глас го оствариле над 15 илјади граѓани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе