Нешто помалку од 50 илјади граѓани во земјава се вакцинирале до денеска покажува сајтот вакцинација на Министерството за здравство. Ако на оваа бројка се додадат околу 15 илјади кои првата доза ја примија во Србија тоа значи дека до сега во Македонија е имунизиран еден град колку Прилеп.
Дневно пак се вакцинирале по 700 луѓе ако се пресмета просек од 17 ти февруари кога започна имунизацијата во земјава. Според Министерот за здравство Венко Филипче, помасовна имунизација се очекува по велигденските празници. За таа цел се подготвуваат шест спортски сали во Охрид, Штип, Куманово, Битола и Кавадарци. Во периодот за велигденските празници од петок до понеделник нема закажани термини преку мој термин.
Но додека да пристигнат кинеските и фајзеровите останати се уште околу 11 илјади вакцини. По 5 000 од Астра Зенека и Фајзер, 1 000 на кинеска синофарм и 200 спутник. Во меѓувреме министерството не отстапува од идејата хроничмно болните да чекаат да им дојде ред според годините.
Инаку според Филипче се бележи тренд на опаѓање на новодијагностицирани а со тоа е намален бројот на прегледи и прием на пациенти. Викендов дел од одделенијата кои беа адаптирани за ковид болници ке ја добијат својата вистинска функција.
Билјана Николовска
