Вести Македонија

КАРАТИСТИТЕ НА МАКПЕТРОЛ УСПЕШНО ГИ ЗАВРШИЈА И ВТОРИОТ ДЕЛ ОД ПОДГОТОВКИТЕ ВО ЦРНА ГОРА

Македонските репрезентативци, членови на Карате клубот Макпетрол од Скопје, успешно го завршија и вториот дел од подготовките кои се зацртани со планот и програмата на клубот за учество на Светската премиер карате лига во Лисабон, Португалија и Европското сениорско првенство во Пореч, Хрватска. Каратистите се вратија од еднонеделни подготовки кои ги направија во Подгорица, Црна Гора заедно со каратисти од комплетната репрезентација на домаќинот, но овој пат и со репрезентативци од Украина, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, во периодот од 16-ти до 22-ри Април 2021 година.

Овие подготовки се втора фаза во подготвителната тренажна периодизација која е осмислена од стратегот на клубот Бошко Заборски, а директно на татамите ја спроведува натпреварувачот и тренер Петар Заборски, кој беше предводник на Македонските каратисти во Подгорица. На подготовките учествуваа: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Глигор Петков, Абдурахим Идризи, Моника Пендаровска , Анѓела Мојсовска и Викторија Јовановска.

Во услови кога во нашата држава се засилија мерките за претпазливост поради пандемијата, ние моравме да изнајдеме начин да не ја прекинеме нашата подготвителна програма. Затоа веднаш заминавме за Црна Гора, каде што со најелитните каратисти од Балканскиот регион и заедно со репрезентацијата на Украина, направивме извонреден тренинг камп, каде што имавме извонредна можност да ја проверивме нашата моментална форма. Формата ја темпиравме пред се за светската лига во Лисабон, каде сме пријавени за учество на  престижен турнир во организација на Светската карате федерација. Во Португалија ќе учествуваме со 4-ри каратисти од нашиот клуб, сите високо рангирани на светската ранг листа во своите тежински категории. За Лисабон-Португалија,  заминуваме во четвртокот, на 29.04.2020, а ќе останеме се до 3-ти Мај. На турнир од Светската премиер карате лига ќе учествуваат: Петар Заборски-75 кг, Петар Спасеновски-84 кг, Абдурахим Идризи -60 кг и Мојсовска Анѓела -68 кг.

Исто така, подготовките во Подгорица се значајни и за нашите репрезентативци кои ќе учествуваат на Европското сениорско првенство кое ќе се одржи во Пореч, Хрватска, во месец Мај оваа година.

После враќањето од Лисабон веднаш продолжуваме со припреми, но сега, домаќини ќе бидеме ние, Карате клубот Макпетрол и сега црногорските репрезентативци ќе дојдат во Скопје заедно со нивниот селектор Жарко Раковиќ, наш голем пријател и соработник.“ – изјави Петар Заборски, тренер во Карате клубот Макпетрол.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе