Вести Македонија Најважни

Денеска се вакцинираат пратениците

Во салата „Борис Трајковски“ денеска се вакцинираат пратениците, како дел од критичната инфраструктура опфатена во Националниот план за ковид имунизација. Како што информира Министерството за здравство, вакцинацијата ќе се одвива во три групи, од 10 до 18 часот.

Според Министерството, вакцинирањето на пратениците и вработените во Собранието е од клучна важност за нормално функционирање на Законодавниот дом и непречено носење закони во интерес на граѓаните. На 14 април беа вакцинирани собраниските служби.

-Од почетокот на имунизацијата во нашата земја, согласно Националната стратегија таргетирани се три главни приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт, како и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, се наведува во соопштението на Министерството.

Во салата „Борис Трајковски“ во тек е вакцинација на возрасни лица од 73 и 74 години, а во здравствените домови низ државата се вакцинираат лица постари од 73 години. Веќе следната недела со доаѓањето на нови дози вакцини ќе има измена на приоретизација и преминување на приоритетните или субприоритетните групи од една во друга фаза на вакцинација.

Министерството за здравство апелира до граѓаните кои сакаат да се вакцинираат да се пријават на „vakcinacija.mk“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

План за помали трошоци, поголема ефикасност и забрзана примена на АИ – „Бритиш американ тобако“ ќе укине 5.500 работни места

Sasko Dimovski

Над 1.700 загинати во земјотресите во Венецуела – бројот на жртви и натаму расте

Sasko Dimovski

Цветановски: За казнени одредби, секогаш се префрлува на другите, кога треба да се земат пари од буџет, се измислуваат најразлични модалитети

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе