Софтверот за контрола на безбедонста во сообраќајот и хостингот и софтверот за полагање на испитите на Акедмијата за судии и обвинители само мал дел од набавките кои ги спровел поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски. Додека тој е во притвор во јавноста се открија уште неколку тендери тешки и до една милијарда денари кои ги спровел тој и тоа во периодот пред формирање на Владата, сите склучени непосредно пред да ја напушти функцијата ге.
Во август минатата година, покрај договорот со „Инвока“за одржување на електронскиот систем за државни испити во 13 институции вреден 150 илјади евра, склучен е договор и со фирмата „Ентер“ за софтвер за регионален развој тежок 600 илјади евра и договор за софтверски лиценци тежок речиси една милијарда со конзорциумот „Антионикс“ и „Крејон“ во кој биле ифрлени критериуми за погодност на апликатите.
Паралелно со истрагата се поставува прашањето дали во Владата има контролни механизми и кој внимава што прави генералниот секретар чии надлежности се широки и кој е задолжен за најголем дел од тендерите за Владата, Владинито кбинет и генералнито секретарјат.
Пермиерот Заев уверува, контролни механизми има – обвинителството, антикорупциската комисија и државните институции. Сепак Рашковски, барем за момент успеал да мине незабележано под радарот на институциите кои ги наброја премиерот
А колку се функцкционални контролните механизми останува да видиме, но доколку Антикорупциската комисија го имаше системот кој го чека веќе неколку години и со кој автоматски се дететктира промената на имотната состојба на функционерите, многу побрзо и полесно ќе се дознаеше дека Рашковски го префртлил целиот имот на своите малолетни деца.
Откако на неговото биро на Правниот факултет беше најден софтверот за прашања кои ги полагаат кандидатите на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ процесот е стопиран а академијата бара друга фоирма која ќе го одржува системот.
Премиерот дециден, немало местење при полагањето на кандидатите.
Драги Рашковски и сопственикот на „Инвока“ Даниел Станчев од завчера се во притвор во истражниот затвор „Шутка“ откако првично судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд им одреди куќен притвор.
Огнен Чанчаревиќ
