Вести Македонија Најважни

Хронично болните и луѓето со попреченост извисени за вакцинација

Хронично болните и луѓето со попреченост се чувствуваат извисени за вакцинацијата. Се повеќе реакции стигнуваат и до редакцијата на Телма, во кои се вели очекувале тие да се најдат на приоритетната листа наместо судиите, обвинители, медиумски работници и пратениците.

Имам 62 години и сум оперирана, со едно белодрбно крило и замислите јас и многу како мене не сме приоритетни, зарем не ни треба заштита. Ве молам потесетет дека за нас не треба да се оди по години на старост туку по дијагнози, бидејќи има млади а болни на кои им треба заштита.

И Народниот правобранител регираше до Министерството за здравство и Владата и бараше одговори зошто државата ги заборави луѓето со попреченост и тие воопшто не влегоа како посебна и приоритетна група за вакцинирање пред другите. Во меѓувреме токму двајца млади луѓе од оваа група беа жртви на ковид 19. И од здружението на матични лекари велат дека не добиле никаква листа за пациентите кои изразиле интерес за вакцинација да ги селектираат по конкретни критериуми.

Инаку први за вакцинација беа здравствени работници од ковид центир, полицијата, војската, наставниците, медиумите, судиите, обвинителите а деновиве ке се вакцинираат и пратениците. Вакцини има уште малку но се очекуваат Фајзеровите 10 илјади кои стигнуваат денеска, па се поизвесно е дека со нив ке се вакцинираат оние кои останаа на списокот.

Во меѓувреме се вакцинираа луѓето над 73 години, но проблем во системот е што ако некој го пропуштил терминот треба од ново да аплицира на сајтот Вакцинација. Поинакво решение нема во Мој термин за ваквите ситуации, за кои дел од матичните лекари велат дека знаат да бидат чести со оглед на тоа што првично се вакцинираат возрасни луѓе. И до телма се обратија повеќемина кои велат дека поради здравствени проблеми не се појавиле на терминот, па не знаат како повторно да дојдат до нов. Вели и понатаму останува проблем дури и задолжителното внесување на маил адреса со оглед на тоа што дел постарите немаат електронска пошта.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Избодени две девојчиња – напад со нож во Франција

Дејан Дејан

Фотографија со Палестинка која мртва внука во прегратка ја доби наградата World Press Photo 2024

Дејан Дејан

„Макпетрол“ третпат прогласен за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе