Вести Македонија Топ вести

Програмерите откриваат нови слабости, Симовски одбива дополнителни заштити

Системот за попишување не проверува дали внесените матични броеви се валидни. Во полето за ЕМБГ, можат да се напишат и 13 нули, системот веднаш дозволува пристап. Ова е уште една слабост на апликацијата за попис, која ја открија програмерите. Откако објавија дека, преку ВПН е лесно да се попишат лица од Македонија како да се во странство, сега предупредуваат и дека, многу лесно може да се попишат илјадници луѓе со измислени податоци. Укажуваат дека, Заводот за статистика мора да вметне барем 2 или 3 степени на проверка, дополнителни заштити во процесот на регистрација, како и систем за валидација на матичните броеви. Со тој систем, велат, веднаш ќе се знае дали тој матичен број постои и дали му припаѓа на тоа лице. Вториот степен е  проверка преку мобилен дали тој човек е навистина во државата од која се логира и трет степен,  потврда преку мејл. За да не се губи време со вкрстување на разни бази на податоци, треба да се изработи една база на податоци за сите граѓани. Доколку е доцна за тоа, при вкрстувањето на податоците, обавезно за возрасните лица да се користи и базата на УЈП, од која точно ќе се знае кој живее тука.

Но, директорот на Заводот ги одбива нивните предлози. Тврди дека апликацијата е доволно заштитена и предупредува дека, секој обид за злоупотреби и упад во системот е казнив.

Симовски негира и дека има проблеми со отворањето на апликацијата, велејќи дека е задоволен од тоа како до сега се одвива пописот.

До 8 часот утрово, преку оваа апликација се попишани 18 илјади лица. Денеска почна и попишувањето на 105-мината бездомници во прифатниот центар во Визбегово Од понеделникот трае и попишувањето на вработените во дипломатско-конзуларните претставништва и нивните семејства, на дијаспората, припадниците на армијата во странство и затворениците.

Денеска и од Народниот правобранител информираа дека, секој граѓанин кој смета дека му е прекршено некое право поврзано со пописот може електронски да поднесе претставка.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе