Вести Македонија Топ вести

Историја се спојува со општество во еден предмет, албанскиот јазик изборен од шесто оддление

Владата одобри, Собранието ќе гласа, а основците и дефинитивно ќе учат според реформирани програми. Министерството за образование и наука ќе почне да ја реализира Концепцијата за реформирано основно образование и тоа од следната година.

Стручната јавност и голем број институции гласно критикуваа – дека се брза, дека не е сето тоа осмислено темелно и дека има многу непромислености во планираните реформи.

Имаа прилика на една јавна расправа во Собранието, претставници на МАНУ, професори, наставници, активисти, да кажат што мислат.

Од Владата тврдат дека се слушнати забелешките.

„Остануваме на интегрираниот модел на педагогија заради тоа што тој во светски размери дава резултати, но и во пилот-училиштата во нашата држава – и во приватните и во јавните исто така дава одлични резултати и сметаме дека на тој начин ќе постигнеме преминување од фактографско учење кон учење со разбирање и проблемско надминување на прашањата. Во јавноста имаше неколку главни забелешки коишто се дискутираа, а тоа беше наставниот предмет историја или научната дисциплина којашто е интегрирана и таа останува интегрирана до шесто одделение“ изјави Мила Царовска, министерка за образование и наука.

Суштинската промена во образовниот систем останува таква како што првично беше искреирана. Научната дисциплина историја останува интегрирана до шесто одделение.

Дотогаш се оди со име на предметот „Општество“, а потоа самата група предмети ќе се вика „Историја и општество“. Албанскиот јазик во Концепцијата останува како изборен предмет од шесто одделение.

Една од најострите забелешки стигнува од Филозофскиот факултет од каде што повеќе пати нагласија дека Историја мора да остане како посебен предмет.

„Ставот е дека факултетот генерално е против интеграцијата на предметите. Сметаме дека со интеграција на цели би се постигнале повеќе и подобри резултати, Како што е дел во концепцијата во оние воннаставни проектни активности. Исто така, ставот на факултетот е дека историја треба да остане како посебен предмет“ вели во изјава за Телма проф. д-р. Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет.

Гласни критики стигнуваат и од синдикалците. Забелешките на Независниот синдикат за образование и наука почнуваат од тоа дека многу просветни работници не биле ниту консултирани за реформите, па одат дотаму дека причина за незадоволство е спојувањето на предметите.

„Најсилните забелешки беа насочени кон спојувањето на наставните предмети. За нас и за поголем дел од просветните работници беше нејасно поради која причина се оди кон спојување на повеќе наставни предмети во еден и оттука беше и големо незадоволството“ изјави Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука.

Министерката за образование најави дека во четврток ќе биде распишан огласот за подготовка на програмите во наставните предмети согласно наставниот план – и ги повика експертите од високото образование да се вклучат во процесот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го добива првиот Национален центар за вештачка интелигенција „Везилка“

Дејан Дејан

Почина познатиот македонски специјалист радиолог д-р Душан Јовановски

Дејан Дејан

Стартот на судењето за злоупотреби во РЕК Битола и Марковски се одложи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе