Вести Македонија Топ вести

Тинејџер без возачка дозвола со БМВ прегази доктор

16 -годишник без возачка дозвола доцна синоќа го прегазил доктор Ѓорѓи Јота, кој од силината на ударот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза.

Случајот го потврди и Министерството за внатрешни работи.

„На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка Тереза“ и улица „Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.

Како што информираат дел од медиумите, докторот е во коматозна состојба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе