Вести Македонија Топ вести

Поднесена интерпелација за Спасовски, ќе се бара и недоверба на влада

Пратениците да се изјаснат дали се за апсење на Мијалков или го поддржуваат неговото бегство, бараат од Алтернатива и Алијанса за Албанците, кои  поднесоа интерпелација за министерот Оливер Спасовски во Собранието.  Причина е бегството на Мијалков, за кое се убедени дека е поддржано од власта. Бараат и од претседателот на Собранието итно да свика седница со оваа точка.

За ВМРО ДПМНЕ не е доволна оставка од Спасовски. Најавија дека ќе бараат гласање на доверба на владата. Бараат  формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и вонредни парламентарни избори.

Одговорност од сите кои намерно, ненамерно или од незнаење направиле пропуст или можеби свесно му овозможиле на Мијалков да избега, побара и коалициониот партнер во власта, Павле Трајанов.Потсетува дека, најголемата одговорност за нефункционирањето на системот и на безбедносните структури ја има владата.  Доколку има основа за политичка одговорност, таа треба да се понесе, а тој лично  ќе стои зад тоа, без оглед за кого се работи и на која позиција е во моментов.

Од ДУИ не сакаа да коментираат за случајот. Им оставаат простор на институциите да им дадат одговор на граѓаните.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Живот „зад решетки“, но и граѓанска должност, права и обврски – затворениците гласаат на двојните избори

Дејан Дејан

Цените нема да дивеат во наредните два месеца, но во индустријата нема кој да работи

Дејан Дејан

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе