34 вработени во Психијатриската болница Демир Хисар, најголем дел технички пероснал, од денеска започнаа штрајк, затоа што од декември не им се продолжени договорите за работа на определено време и два месеца не зеле плата. Станува збор за болничари, хигиеничари и возачи, кои велат во време на пандемија се соочуваат со сите ризици, ги извршуваат најтешките работни задачи и работат со позитивни пациенти во оваа установа, но без решен статус.
Работиме во КОВИД пандемија, во такви услови, без ништо, без решен статус. Ние бараме да ни се реши статсуот на неопределено работно време, но никако не ни го решаваат. Еве скоро два месеца немаме пплата земено, вели Ице Георгиевски, хигиеничар во Психијатриска болница Демир Хисар.
Најавија дека нема да се вратат на работните места се додека конечно не им се реши статусот, проблем што се проблекува повеќе години.
Нема да влеземе да работиме додека не ни се реши статусот, да добиеме решение како што му следува секому. Ако ова не се реши ќе бараме други начини, ќе одиме со тужби, вели Злате Настевски, болничар.
Новиот директор на болницата во Демир Хисар, Стевче Ѓурковски, кој дојде на функцијата на почетокот на месецот, за Телма изјави дека денеска заминал за Скопје во Министерството за здрaвство да бара решение за овој наследен проблем. Лекарите, пак, велат дека овој кадар е повеќе од потребен во установата, што е став и на лекарскиот колегиум, поради што инсистираат да се реши нивниот статус, а платите велат им доцнат на сите вработени во Психијатриската болница во Демир Хисар.
Емилија Мисирлиевска
