Ковид19 Македонија Најважни

До 10:30 утрово вакцинирани 264 здравствени работници

264 здравствени работници се вакцинирани до утринава до 10.30 часот, од кои само во текот на вчерашниот ден имало 202-ца. Вакцинацијата и денеска се одвива непречено во модуларната болница во Скопје.

Први со вакцината на  „Фајзер“  вчера беа вакцинирани докторка и главна медицинска сестра од Клиниката за инфективни болести, а потоа следеше и вакцинација на другите од таа јавна здравствена установа. 70 отсот од здравствените работници сакаат да се вакцинираат против ковид.

Засега планот е вакцинацијата да се одвива во Скопје, а вработените во ковид-центрите од другите болници во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе доаѓаат тука. Понатаму вакцините ќе се дисперзираат низ целата држава. Министерот за здравство Венко Филипче рече дека е рано да се опуштиме, бидејќи половина од новите дијагностицирани се заболени со британскиот сој на коронавирусот, кој е полесно пренослив.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Стармер, Мерц и Макрон ја поддржаа идејата за преговори Украина – Русија

Kristina Kuzmanovski

Се огласија сирени во Тел Авив, нови напади меѓу Израел и Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе