Македонија Најважни

34 пратеници подготвуваат измени на Изборниот законик

Пратениците од помалите политички партии од власта и од опозицијата се обединија кревајќи го гласот за промена на Изборниот законик. Нивниот број не е мал, 34. Со законските измени кои ги подготвуваат бараат Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел на гласање и укинување на финасирањето на политчките партии. Не сакаат повеќе да бидат приврзок на големите партии, да зависат од нив, да гласаат понекогаш и против својата воља. Измените ќе бидат тест за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Доколку не се прифатат во прашање ќе биде доведено функционирањето на Собранието, вели Павле Трајанов.

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснуваат за предлогот. Бараат да се формираат работни групи кои ќе ги разгледаат измените.

Изборниот модел и натаму останува извор на криза во земјата. Изборниот законик досега е менуван 35 пати. На неколку наврати беа формирани работни групи, но компромис за изборниот модел не се постигна. Со децении се гласа во 6 изборни единици со затворени листи, што ги исклучува шансите на помалите партии или независни кандидати. Отворените листи се само декларативна заложба на партиите кои се на власт а не се почитуваат ниту долгогодишните препораки на ОБСЕ/ОДИХР. Се повикуваат на консензус, но тој секогаш зависи од големите партии на кои не им одговара промена на изборниот модел со што и натаму се овозможува поставување на автократи во државата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Малеска Сачмароска: Институции кои што ќе истражуваат и ќе изрекуваат казни мора да бидат ослободени од политичките влијанија

Дејан Дејан

Палевски, осомничениот за ликвидацијата на Вања и пензионерот Панче ќе биде екстрадиран, но не се знае кога МВР ќе го преземе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе