Македонија

Со построги казни и нови закони ќе се намалува загадувањето на воздухот и почвата

Деновиве кога маглата и загадениот воздух се споија во едно,  а граѓаните едвај дишат на отворено,  и покрај маските што се носат поради пандемијата, надлежните со построги мерки ќе се справување со загадувачите. Од Град Скопје најавуваат засилени инспекциски контроли на општинските, службите од Државниот инспекторат и МВР, а очекуваат и  воведување построга казнена политика со измените на Кривичниот Законик.

Барањето на Град Скопје до Министерството за Правда е во измените на Кривичниот Законик што ќе следуваат. За луѓето што се затекнати во фрлањето отпад на недозволено место за да прават дива депонија, да бидат одземени како сретства со кои било направено кривично дело и камионите кои и како кипаат, кои ги имаме видено на определени места дека тоа го прават, рече градоначалникот шилегов.

Измени на Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, кој ќе ги им даде обврски на општините да превземат мерки за подобрување на воздухот, промени во начинот на сообраќај, ослободување на болните од работа во денови со високо аерозагадување и намалување на емисијата на штетни гасови од индустриските капацитети, се новините на кои работат во Министерството за животна средина. Помош во борбата за почиста животна средина, гледаат и во новите закони за управување со отпад, кои ќе одат во собраниска процедура.

Пред 2 дена во Влада беа усвоени пакет од 6 комплетно нови закони за управување со отпадот. Со нив ќе ги имплицираме принципите на циркуларна економија во управувањето со отпадот. Ќе го намалиме отпадот што ќе треба да се депонира. Општините заедно со колективните постапувачи, ќе имаат јасна обврска за давање на услугата на сите граѓани, рече министерот Нуредини.

Со 20 милиони денари од ребалансот на буџетот, денеска започна чистењето на дивата депонија кај Визбегово, што се простира на површина од 10 хектари. Се очекува за еден месец да биде претворена во зелена површина. По тој повод, надлежните одржаа прес конференција.

Веднаш по прес конференцијата на градоначаликот Шилегов и на министерот за животна средина Нуредини, забележавме црн чад кој се издига од двор на една куќа, во непосредна близина на депонијата, овде во Визбегово. Но, според градочалникот Шилегов, Уставот не дозволува да се влегува во приватен посед и да се интервенира.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

ЈСП за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред

Дејан Дејан

Велики четврток – почнуваат велигденските празнувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе