Вести Македонија

Лидија Димова остана без два пасоши – се избира нов директор во агенцијата за европско образование

Обвинителството побара, кривичниот суд одлучи да и го одземе пасошот на разрешената директорка на Националната агенција за европско образование Лидија Димова. Осомничена дека направила штета на буџетот на агенцијата, и ја залоупотребила службената положба Димова која што мина половина час кај судија на претходна постапка се обиде да ги избегне медиумите. Без одговор, Димова и адвокатите си заминаа од судот.

Пред Димова кај судија на претохдна постапка притигна и нејзинот поранешен соработник Александар Гочев кој, пак, според обивнителството исто располагал со пари на агенцијата и сторил финансиска штета. И за двајцата судот освен пасошот се одлучи и за други мерки на претпазливост.

„Ценејќи ги фактити и причините заради кои е поднесен предлогот судија на претходна постапка донесе решенија со кои го уважи предлогот и на Л.Д. и А.Г. им определи мерка – Одземање на патната или друга исправа за преминување на државната граница, Обврска за повремено јавување во судот и Забрана за вршење на одредени работни дејствија.“

На истрагата и претходеше разрешување на Димова ,а на предлог од владата откако во јавнoста и медиумите одекна скандал за тоа како и кому се делеле проекти од програмата „Еразмус + “. Скандалот го опфати и сопственикот на фризерница и наставник Зоран Златковски кој со истата фирма неколку пати добивал и спроведувал проекти во областа образование за сума и над стотина илјади евра. Во своето излагање за медиумите Димова себе и Златковски се штитеште со комплексниот механизм на одлучување кои предложени проекти ќе ги финансира европската унија.  Искусниот и долгогодишен носител на проекти Зоран Златковски прв го загуби пасошот кај судија на претходна постапка, а деталите од истрагата на обвинителството  какви дејствија преземале 4-цата осмоничени сеуште не се откриваат. Осомничените ќе се жалат на одлуката за мерките од судот за нив.

Денеска, пак, управниот одбор треба да го предложи и избере и новиот вршител на должнота во Националната агенција за европско образование, за чие што работење истрага најави и европската комисија.

 

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прешова: Наместо Судски нека се формира Судо-шпед

Дејан Дејан

Од над 30 до над 50 отсто зголемување на цената на услугата – вакви барања добила регулаторите од фирмите за парно

Дејан Дејан

Приведен штипјанец откако бил фатен како пали сува трева кај Долни Балван

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе