Вести Економија Македонија

Секој 5-ти граѓанин е сиромашен, покажуваат анализите на Статистика

Стапката на сиромашни лица во 2019-та година во Република Северна  Македонија изнесува 21,9%, соопшти денеска Државниот Завод за статистика. Анализата е направена во согласност со препораките на Европската Унија по што се пресметани таканаречените Лаекенски индикатори.

Стапката на сиромаштија во најбројните, 4-члени домаќинства каде живеат двајца возрасни и две деца изнесува 19,5 проценти, односно секое 4-то семејство во оваа категорија е сиромашна. Највисока стапка на сиромаштија има во семејствата со три и повеќе деца,  во оваа категорија 45,3 одсто или речиси половина повеќедетни семејства се сиромашни. Критично ниво на сиромаштија имаат и самохраните родители со деца каде 42,8  % се сиромашни.

Најмала стапка на сиромаштија има во категоријата Самечки домаќинства (еден возрасен член на возраст од 65 години и повеќе) и таа изнесува 3,2 %, а стапка на сиромаштија под 10 % имаат и самците.

Според најфреквентниот статус на економска активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 8,8 %, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,8 %. Gini коефициентот (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 30,8 %.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Tea Dimkovska

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Локализиран пожарот во Кумлак, спасен сопственик на зафатена викендица

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе