Вести Македонија Најважни

Се предлага два нови оддели во болницата „8-ми септември“ за болни од КОВИД 19

По алармантната состојба со заразени и починати од корона вирусот во земјава, утринава заседаваше Комисијата за заразни болести. Се предлага да се отворат два нови оддели во болницата 8 ми септември каде може да бидат хоспитализирани болните од ковид 19.  Исто така во план е и во Болницата во Козле да се прошират капацитетите и да се отвори нова лабораторија. Ова се дел од одлуките кои се донесени по состанокот на кризниот шатб. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека на седницата не добиле нови препораки кои подразбираат порадикални мерки, но не се исклучува и воведување полициски час.  Од МВР најавуваат дека има засилени полициски контроли од страна на републичката полиција со цел почитување на мерките.

Денеска се очекуваат да пристигнат брзите тестови. Станува збор за 4.000 дози, а здравствените власти очекуваат до крајот на неделава, евентуално од почетокот на следната веќе да може да почнат граѓаните да се тестираат во Поликлиниката „Ѓорче Петров“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Министрите се „исплашиja“ да не им скратат од парите, па го потрошија скоро целиот дефицит за годинава

Дејан Дејан

Костадиновска Стојчевска: Власта не се грижи за македонскиот јазик

meteo

Центарот за граѓански комуникации: МНР незаконски однапред исплатило околу еден милион евра за евакуациски летови од Блискиот исток

meteo

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе