Најважни Свет

САД со нови рекордни бројки на дневно ниво- нови 84.218 случаи

САД го соборија дневниот рекорд во бројот на заразени со коронавирус откако се регистрирани нови 84.218 случаи, а епидемии се пријавени во сите делови на земјата, објави Ројтерс.

Најпогодени држави се Охајо, Мичиген, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Бројот на хоспитализирани случаи надмина 41 000, а во просек околу 800 луѓе умираат секој ден како резултат на инфекцијата.

Здравствените експерти не ја наведоа причината за наглиот пораст на бројот на заразени, но долго време предупредуваат дека ширењето на вирусот може да биде под влијание на пониските температури на воздухот принудувајќи ги луѓето да останат во затворен простор, замор од мерките на претпазливост против ковид како и враќањето на малдите во училиштата и колеџите.

САД се први во светот според бројот на заразени со 8,5 милиони, додека бројот на смртни случаи достигна 224 000.

Минатата недела САД имаа просечно околу 60.000 нови случаи на инфекција на дневна основа, што е највисок просек за седум дена од почетокот на август.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ја згасна Ал Џазира – заплена на техничката опрема, симнување од понудата на кабелските оператори и сателити, под блок и порталот на катарскиот медиум

Дејан Дејан

Владика Петар: Внимавајте за кого ќе гласате за да не се случи „слепец слепи да води“

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе