Пандемијата со коронавирусот дополнително им го отежна секојдневието на лицата со оштетен вид. Од тетовското Здружение на слепи лица велат дека изминативе месеци сите ги заборавиле. Со оглед на тоа дека повеќето се невработени, покрај моралната поддршка, потребна им е и финансиска помош.
Слепите лица го живеат секојдневно нивниот карантин. Тие се зависни од членовите на семејството за да можат да излезат надвор од своите домови, а пандемијата дополнително го отежна нивното функционирање. Од Здружението на слепи лица од Тетово велат дека изминатиов период тие се заборавени. Покрај морална поддршка, потребна им е и финансиска помош.
Од Здружението велат потребни им се помагала за секојдневно функционирање, а имаат потешкотии и со реализирањето на ваучер од Агенција за млади и спорт, единствената помош која ја добиле периодов.
Поради пандемијата годинава не се одржала ниту една активност на Здружението.
190 слепи и слабовидни лица, со остаток на видот од 9%, се членови на Здружението на слепи лица од Тетово. Тука не спаѓаат лицата на 65 години, бидејќи според најновите одлуки тие намаат право.
Данијела Билбилоска