Свет Топ вести

На европски тло најтешка е ситуацијата во Чешка

Балканот воведува поригорозни мерки, Европа се затвора. Загреб, Далмација, Славонија со најголем број на заболени во Хртватска, земјата која денеска регистрираше 2.242 новоинфицирани и 12 мртви. Интензивно се разговара за воведување на поригорозни мерки. Во Словенија, земјата во која речиси се е затворено, нови рекорди 1.963 новозаразени и 18 починати. Бугарија ги затвора сите ноќни клубови во Софија, компаниите се повикани да создадат услови вработени да работат онлајн. Најверојано ќе ги затвориме училиштата најавува Милорад Додик по денешниот црн билан во Босна и Херцеговина, каде починаа 10 луѓе, а потврдени се повеќе од 1.250 инфицирани или речиси половина од тестираните.

Веројатно ќе мора повторно да се затворат училиштата, да се редуцира работното време, рече Милорад Додик, српски член на претседателството на БиХ.

На европски тло најтешка е ситуацијата во Чешка, каде во последните две недели има повеќе од 1.149 заразени и девет смртни случаи на 100.000 луѓе. На второ место е Белгија со 1.020 заразени и четири смртни случаи на 100.000 граѓани. Помош во респиратори и друга медицинска опрема во Чешка денеска испратија Австрија и Холандија. Таму лекарите прават се за да не се случи и кај нив италијанското сценарио.

Ве уверувам дека персоналот работи дури и на штета на своите потреби и време, дури и во слободните денови за да се спречи италијанското сценарио. Правиме се, но секако, се плашиме така да не биде – Јири Винал, главен доктор на Интензивна нега.

Од денеска на словачките граѓани ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за да одат на работа, да купуваат храна и лекови во најблиските продавници и аптеки, да одат на лекар, како и да се тестираат за коронавирусот. Во Словачка, 2.890 нови случаи на Ковид-19 беа потврдени во претходните 24 часа, најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.

Позитивниот тест на полскиот претседател Анжеј Дуда, кој пред неколку дена беше во Естонија, стави во карантин тројца премиери на балтички држави, а на состанокот присуствувал и претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој веќе е во изолација.

Во Брисел, од понеделник, маските повторно ќе бидат задолжителни насекаде и во секое време, а полицискиот час ќе биде продолжен и на граѓаните ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови од 22 до 6 часот наутро.

Во последните 24 часа во Франција починаа 298 лица од Ковид-19, а откриени се нови рекордни 42.032 случаи на заразени, со што земјата го помина прагот од милион инфицирани. Француските лекари со проценка дека има многу позитивни, контаминирани луѓе кои се на улица без да го знаат тоа и без никој да го знае тоа, веројатно три пати повеќе. Властите најавуваат воведување на полициски час во уште 38 департмани.

Германската канцеларка Ангела Меркел испрати порака до своите сонародници да ги ограничат социјалните контакти и да го намалат патувањето на минимум. Иако Германија не е погодена од пандемијата како и некои други европски земји, дневниот пораст на новоинфецирани расте.

Но на врвот на светската табела се САД, таму за 24 часа регистирирани се 84.200 новоинфицирани – највисока бројка од јули. Црниот биланс доаѓа во време кога расте бројот на хоспитализирани и смртни случаи, а експертите предупредуваат дека најлошото допрва доаѓа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Наумовски во „Вин-Вин“: Претседателската кампања во сенка на лидерите на политичките партии

Дејан Дејан

Еден од најбараните американски бегалци Мојзес Теџада уапсен во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе