Македонија Топ вести

Анкета: Повеќе од половината граѓани што имале работа со судовите немаат доверба во судството

Сомнежите за корупција, политички влијанија и долги судски процеси се трите клучни причини поради недоверба во судството. Ова го покажало истражувањето на Институтот за европска политика ЕПИ и асоцијацијата Зенит според кое 54 проценти анкетираните граѓаните немале довреба во судовите а 51 процент во јавносто обвнителство. Освен граѓани кои биле учесници во судски постапки во оваа анкета учествувале и 41 судија, 100-тина адвокати и 74 судски административци.

52 проценти од анкетираните граѓани имале судски постпаки кои траат повеќе од 1 година. Токму долгите судења се е една од причините поради кои 51 процент од граѓаните кажале дека не веруваат во судството. Во истражувањето на ЕПИ и Асоцијацијата Зенит, анкетираните се сомневаат дека има корупција во судството но најголем број немале лично такво искуство да им се бара мито во судските постапки во кои учествувале. Одговори на анкетата дале и 41 судија. Најголем дел тврделе дека немаат политички влијанија.

Првиот човек на Судскиот совет наоѓа и светла страна во овие резултати. Високата недоверба е пониска од претходно.

Според претседатeлот на Советот на јавните обвинители, врз 54 процентната недоверба во обвинителството влијае перцепцијата но и силната политизацијата на општеството, но признава постои и неефикасноста на одредени обвинители и обвинителства. Ацо Колевски вели директни притисоци нема, но има правни механизми низ кои може да се спроведува политичко влијание.

Претседателите на највисоките правосудни тела сметаат дека за поголема ефикасност на судовите и обвинителствата треба и повеќе кадар и средства.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Три млади лица го загубија животот во сообраќајна несреќа во Кичево

Дејан Дејан

48-часовен притвор за двајца од приведените во врска со убиството на лекарот Трпковски

Дејан Дејан

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе