Македонија Најважни

52-годишна наставничка се заразила од синот -17 ученици во самоизолација

Една наставничка позитивна – 17 деца во самоизолација. По, 5 дена настава корона вирусот продре и во основните училишта.  „Гоце Делчев“ во општина Центар продолжува со настава, а половина клас првачиња ги чекаат резултите од тестирањето откако нивната наставничка добила позитивен тест.

Таа имала покачена темепература неколку дена, а тие се во добра здравствена состојба, велат родителите.

Децата и наставничката одново учат, но денеска пред мониторите на компјутерите. 52 – годишната наставничка вирусот го добила дома од нејзиниот син но пред да развие симптоми и да замине во самоизолација комуницирала со својата колешка, која ги чека резултатите од тестирањето.

Децата, пак, од нејзиниот клас дојдоа на училиште, но кај друг наставник. Короната го ретчи кадарот во ова училиште, а наставници не се вработуваат со години, реагира директорката на училиштето.

Училиштата се безбедни, бидејќи се почитуваат протоколите, а вработените да внимаваат по завршувањето на работното место каде се движат им порача градончалникот на општината.

Родителите се задоволни дека нивните деца одат на училиште, а пред почетокот на учебната година за 1 до 3 одделение секој од нив достави писмена согласност. Учениците ,пак, сеуште се прилагодуваат на строгите протоколи.

Наставата за оние деца чии што родители потпишаа согласност отпочна на 1 октомври со задолжителни протоколи на проверка на телесната темература, држење дистанца и задолжително носење маски за време на наставата.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерит-системот станува примарен, а етничката припадност „секундарна“, смета Арта Биљали Зендели од ДУИ

Дејан Дејан

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Дејан Дејан

„Нека се живи и здрави, не им се лутам“- Стевче Јакимоски за судиите кои му потврдија 1 година затвор, а тој смета дека власта сака да спречи да се кандидира за градоначалник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе