Македонија

Повредени војници во превртен автобус на патот Струмица-Штип

16 припадници на Армијата и возачот на автобусот се повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш кај местото викано Осми километар. Несреќата се случила пред седум часот при судир меѓу автобусот и комбе. Во автобусот се превезувале војници на АРМ од своите родни градови на работните места во Штип и Струмица. Според портпаролот на штипска Клиничка болница Марина Шуманска повредените се со полесни повреди, набиеници и скршеници. Министерството за одбрана излезе со соопштение за несреќата, а во кое се наведува дека автобусот бил технички исправен.

Автобусот од типот „Сетра”  во сопственост на фирмата „Тритерол” од Струмица која го реализира организираниот транспорт на наведената релација, има потврда за исполнување на потребните технички услови за превоз на патници, се вели во соопштението на МО.

Автобусот се превртел странично, а како дошло до судирот меѓу него и комбето истражните органи ќе соопштат по увидот на несреќата. Утринава овој пат беше во прекин, а возилата беа пренасочувани по новиот експресен пат, кој е во изградба.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина Кратово обвинува за узурпација на локалитетот „Куклица“ и малтретирање на туристи

Дејан Дејан

Петровска и Милошоски за „нон-пејперот“: Постепена интеграција или „резервна клупа“ за Балканот?

Дејан Дејан

Владата смета дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“, но земјиштето е приватно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе