Македонија Топ вести

Институциите сè уште се нетранспарентни – илјадници жалби за неодговорени барања за пристап до информации

Од осумдесет јавни институции ниту половина не го почитувале Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Тешко се стигнува до информации кои не смеат да останат скриени бидејќи граѓаните мора да знаат каде завршуваат нивните пари.

Процентуално, околу 60 насто од јавните институции не покажале подготвеност да одговорат на прашања поставени од новинари или други лица, коишто се повикуваат токму на тој Закон. Вакви податоци покажал мониторингот на јавните институции.

Резултатите беа презентирани на јавна онлајн дебата насловена како „Влијанието на новите политики и трендови врз (не)транспарентноста на јавните инстититуции“, организирана од Здружението ЕСЕ.

Мониторингот покажал дека Владата и Министерството за финансии се оценети како делумно транспарентни додека пак здравствените институции се тие кои објавуваат најмалку информации.

Инаку, во текот на минатата година биле поднесени илјадници барања до имателите на информации. Од Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер работат и на платформа за полесно и побрзо поднесување на барање за одредени информации.

Во меѓувреме, покренати се четири прекршочни постапки и се постапува по повеќе од 1300 жалби за јавни институции коишто не обезбедиле пристап до информации од јавен карактер, информираат од Агенцијата за слободен пристап до таквите информации.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Дејан Дејан

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе