Македонија Најважни

Битолчани протестираа против насилството на полицијата

Дојдоа на местото каде  се случи полициска бруталност да го изразат својот револт, но и да подадат рака за помирување. Битолските Роми денеска излегоа на протест на улицата кај главната Пошта каде во понеделникот неколку нивни сограѓани беа претапани од полицајци, откако под дејство на алкохол со автомобил удрија во електричен столб. Со транспаренти „Стоп за полициската бруталност“, „Едно општество за сите“ преку Широк Сокак дојдоа до зградата на полицијата и  упатија порака –  вакво насилство никогаш да не се повтори. Симболично ромските деца им подарија цвеќе на полицајците.

Овие млади деца се иднината на нашето општество и треба да ги гледаат полицајците како заштита,  а не како непријатели. Ова е гест за помирување и сакаме да не се случуваат повеќе вакви немили настани, сакаме подобра иднина, рече Ремзи Медик, од НВО „Баирска светлина“

Полициската бруталност не смее да биде казна за оние што не ги почитуваат законите, порачаа од протестот и го осудија насилството врз Ромите, но и насилството врз полициските службеници. Побараа да престанат поделбите и на социјалните мрежи.

Како што имаме права, така имаме и обврски. Ве повикувам да ги почитуваме прописите и законите, но полицијата не смее да тепа, треба да ги почитува сите постапки кои што  постојат, вели Фатама Бајрам Аземовска, НВО „Сумнал“-Битола

 

Да не се случуваат вакви работи веќе и ги молам сите луѓе на социјалните мрежи да не шират говор на омраза, рече Самедин.

МВР вчера поднесе кривична пријава против полицаецот од СВР Битола за малтретирање при вршење на службата. Исто така против него и против неговиот колега кој бил присутен на настанот а него спречил насилството, покренати се дисциплински постпаки и суспендирани се од работните места. Ромите кои беа физички нападнати од полицијата велат дека се уште се во шок.

Имам 52 години, а не сум имал ни кражба, ни сум бил во затвор. Таа вечер бевме многу малтертирани од полицијата, рече Сафет Велиоски.

 

Јас му велам не го тепајте детето, тие почнаа да маваат по мене со клоци, со пендраци, рече Невзат Јашаровски.

Учесниците на протестот побараа да запре дискриминацијата врз ромското население, не само од страна на полицијата, туку во секој сегмент од општеството.

Имаме судски постапки, за среќа ги добивме. Ни се забранува влегување во базени, издавање на ресторани за семејни веселби, ни се забранува влегување во кафичи и други угостителски обејкти, рече Рамадан Рустемов, НВО „Ромско јато“

По денешниот протест на Ромите во Битола, против полициската бруталност, на социјланите мрежи за во среда се најавува контрапротст за поддршка на полициските службеници од СВР Битола  кои се суспендирани од работните места.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Му платила за дрва, дрва не добила – кумановка измамена за 6.000 денари

Дејан Дејан

Македонија одбележува 23 години од масакрот кај Вејце, еден од најкрвавите и најбрутални во поновата историја на земјата

Дејан Дејан

Во послаба позиција од било кој негов претходник – Бајден со историски најнизок рејтинг според анкета на Галуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе