Македонија

Отпуштен советникот на Чулев кој нападна командир

Министерството за внатрешни работи го отпушти од работа советикот на поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев кој на денот на изборите навредуваше полициски комадир во Тетово.

Од МВР велат дека дисциплинската комисија утврди дека на 15.07.2020, денот кога се одржаа предвремените парламентарни избори, околу 15.30 часот во Тетово, државниот советник З. Ѓ. отишол на местото каде се вршел увид на сообраќајна незгода, каде што се наоѓале командирот З.Т. и уште двајца полицајци и со навреди и пцовки се нафрлил врз командирот  и се обидел физички да го нападне.

Советиникот насилнички се однесувал кон командирот и со таквото однесување го нарушил неговиот углед и угледот на МВР, постапувајќи спротивно на Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи помеѓу полициските службеници.                                                                                                                                                                                                                                                                                    Отпуштениот беше државен советник за полициски и криминалистички работи во Кабинетот на Чулев.

За нападот врз командирот против него е поднесена и кривична пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паметните уреди го попречуваат развојот на децата

Igor Trajkov

Доцнат субвенциите за тутунот

Igor Trajkov

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе