Македонија

Владата ќе ги преземе ингеренциите на општините кои не можат да раководат со отпадот

Депонијата Русино која со години е горлив проблем за гостиварци, засега е единственото решение за депонирање на отпадот од полошките општини. Иако граѓаните преку протести и блокади бараат нејзино дислоцирање, сепак Русино не може целосно да се затвори, затоа што ќе нема каде да се носи сметот на граѓаните, рече министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини на денешната прес-конференција. Тој истакна дека од локалните власти е побарано да го поминат инфраструктурниот план за да може да почне реализацијата на Швајцарскиот проект.

И жителите на Скопје се жалат дека не можат да дишат поради палењето на дивите депонии кои ги има во повеќе населби. Пред неколку дена пожарникари интервенираа во гаснењето на запален шут и отпад кај спортската сала Борис Трајковски. И покрај тоа што со механизација во неколку наврати било чистено местото, сепак, на оваа локација никнува дива депонија. Нуредини порача на локалните власти да ги засилат инспекциите.

Централната власт ќе ги преземе ингеренциите на локалните самоуправи, коишто нема да бидат успешни во менаџирањето со отпадот. Иако досега не е преземен ваков чекор, сепак постои таква можност од 2018 година со одлука на Владата.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Фирмата заради која Богоев заврши во притвор и годинава добила тендер од Царинската управа вреден 420 илјади евра

Igor Trajkov

Над 250 милиони евра должи ЕСМ на домашни и странски банки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе