Вести Свет Топ вести

Пандемијата го уназади светот за 20 години

Пандемијата од КОВИД 19 го уназади светот за 20 години, се вели во најновиот извештај на Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, кој го издаваат веќе четврта година.

Извештајот ја дава најактуелната глобална база на податоци за тоа како пандемијата влијае на напредокот кон глобалните цели. Речиси секој индикатор покажува дека светот е во регресија. Поради КОВИД 19, сиромаштијата во светот е зголемена за 7%. Истражувањата за вакцини, кои се добар показател за тоа како здравствените системи функционираат, се намалуваат до ниво кое последен пат е видено во 1990-тите години. Тоа значи дека за 25 недели, светот се уназадил 25 години.

Економската штета од КОВИД-19 ги истакнува нееднаквостите. Пандемијата има непропорционално влијание врз жените, расните и етничките малцински заедници и луѓето кои живеат во екстремна сиромаштија. Низ целиот свет, жените се соочуваат со зголемен товар од работа, посебно грижата за децата, која не е платена, а многу од нив се соочија со губење на работното место.

Во Соединетите Американски Држави, процентот на црномурестите и латино-американците кои пријавиле дека не можат да си ја платат киријата е двојно поголем од процентот на бели луѓе.

Но, и покрај мрачните проекции, Бил и Мелинда Гејтс го објаснуваат и патот за крајот на пандемијата, и продолжување на прогресот кон Глобалните цели. Во извештајот, тие го повикуваат светот на соработка во развојната дијагностика, вакцините и третманот, произведување на тестови и дози колку што е можно побрзо, и истите да се расподелуваат во светот според потребата, а не според тоа кој колку плаќа.

„Одговорот кон пандемијата ни покажа колку можеме да бидеме хумани: преку врвните иновации, херојски акти од работниците на првата борбена линија, како и од обичните луѓе кои даваа се од себе за своите семејства, соседи и заедници“, пишуваат Бил и Мелинда Гејтс.

„Ова е поделена глобална криза која бара поделен глобален одговор. Јасно е дека ниту една земја нема да може самостојно да одговори на предизвикот. Секоја земја која ќе се грижи само за себе, само ќе ја продолжи тешката борба со пандемијата“, се вели во извештајот.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преку ден со сонце и топло, попладне нестабилно – Временска прогноза за 21.5.2024

Дејан Дејан

Иранскиот претседател Раиси загина во хелихоптерска несреќа

Дејан Дејан

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе