Вести Свет Топ вести

Оксфорд го продолжува сопреното испитување на вакцината против КОВИД 19

Универзитетот во Оксфорд го продолжува неодамна сопреното испитување на вакцината против корона вирусот која ја развива во соработка со шведската фармацевтска компанија Астра Зенека.

За време на паузата од испитувањето, независното регулаторно тело за лекови во Велика Британија ги проверило сите податоци за безбедност на вакцината, соопштија од Универзитетот.

„Процесот на независна ревизија е завршен и според препораките на независниот одбор за оценка на безбедноста и британскиот регулатор, испитувањето повторно ќе почне во Велика Британија, е наведено во соопштението. Се истакнува дека сите се посветени првенствено на безбедноста на учесниците и дека ќе биде продолжено по највисоки стандарди.

Клиничкото испитување на вакцината на која работат Астра Зенека и Универзитетот во Оксфорд беше запрено минатата недела откако еден од учесниците беше хоспитализиран. Универзитетот објаснува дека „во вакви големи клинички истражувања, очекувано е некои од учесниците да имаат нис појави, но секој случај мора внимателно да се истражи и да се процени безбедноста“. Во целото истражување досега, вакцината ја примиле 18.000 учесници.

Официјално не беше соопштено што точно му се случило на учесникот во испитувањето, но портпаролот на Астра Зенека објасни дека една жена развила невролошки симптоми, поточно воспаление на рбетниот мозок, што често е поттикнато од вирусни инфекции, поради што беше паузирано тестирањето.

Оксфордската вакцина, според западните безбедносни стандарди, е најблиску до добивање на официјална дозвола за масовна употреба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе