Свет Топ вести

Локални избори во Русија – тест за власта на Владимир Путин

Гласачите во Русија излегоа денеска на избирачките места на локални избори во повеќе десетици места кои се сметаат како голем тест за владеачката партија на Владимир Путин, Обединета Русија.

Речиси 160 000 кандидати се борат за места во локалните парламенти а во многу региони се бираат и гувернери.

Изборите се случуваат само неколку недели по сомневањата за труење на опозицискиот лидер Алексеј Навални со отровото Новичок.

Неговите сопартијци тврдат дека тоа е направено по наредба на претседателот Владимир Путин иако официјален Кремљ негира каква било вмешаност.

Навални, чија здравствена состојба се влоши на 20-ти август, сега се лекува во Германија.

Во кампањата за локалните избори,Навални на своите подржувачи им порача дека единствен приоритет за нив е поразот на кандидатите на обединета Русија, која ја опиша како партија на крадци и криминалци.

“Има интересен термин “оруборос” – змија која ја гризе својата опашка. Тоа е антички симбол кој го опишува животниот круг. Ваков ѓаволски круг постои многу години и во Томск. Пратениците на Обединета Русија ја поседуваат инфраструктурата во град и собираат пари од сите жители. Овие средства им овозможуваат да бидат избрани и станат пратеници. Потоа, ги зголемуваат цените и луѓето плаќаат повеќе. Профитот го користат за да бидат реизбрани и да го повторат кругот, повторно и повторно” – вели во снимената порака Навални.

Навални и неговите сопартијци, на овие избори побараа ткн тактичко гласање од своите подржувачи и поддршка за кандидатите кои имаат најдобри шанси да ги поразат кандидатите од партијата на Путин.

Во некои места тоа се луѓето поврзани со Навални, но во други региони, тоа се кандидати на комунистичката партија или националистите.

“Тактичкото гласање во суштина значи дека луѓето излегуваат на гласачките места и ако се против владата, Обединета Русија, тие гласаат за различни кандидати на опозицијата – дел од нив за независните, дел за “Јаблоко”, дел за комунистите. Сепак, на крајот гласовите се ситнат и кандидатот на Обединета Русија победува, иако добил помалку гласови од збирот на гласовите за опозиционерите. Во суштина, паметното гласање е сите опозициони гласачи да се договорат и го поддржат најсилниот кандидат, кој е со најголема шанса да ја порази Обединета Русија во секое место” – подвлекува Ксенија Фадејеева, шеф на изборниот штаб на Навални во Томск.

Ова се првите избори откако контроверзните уставни реформи беа одобрени на референдумот во јули, со кои на Путин му се овозможува да остане на власт до 2036-тата година.

Иако на 11-ти и 12-ти септември, државната изборна комисија овозможи рано гласање, денеска своето избирачко право може да го искористат десетици милиони милиони Руси, во 11 временски зони, на повеќе од 56 000 изборни места.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Загинаа 11 лица во руски напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе