Вести Македонија Топ вести

„Мафија на робија“ за власта и „Оставка“ од претседателот РКЕ од устите на демонстрантите

„Мафија на робија“ за власта и „Оставка“ од претседателот на комисијата за енергетика  се слушаше од устите демонстрантите. А, главната парола „Скапа струја, сиромашен народ“од пред министерството за правда ја однесоа до седиштето на регулаторната комисија за енергетика.  На првиот протест по изборите на протестот свикан од опозицијата се обрати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој што испорача три барања до власта:  професионализација на Регулаторната комисија, исполнување на владиното ветување „викенди без ДДВ“ и главното барање кое е причината за денешниот протест.,

Протестот го водеа членови од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, сегашни пратеници, општински партиски функционери и коалицини партенри на партијата.  Граѓаните, пак, кои дадоа поддршка на протестите, велат дека по поскапувањето на струјата  следи поспакување на сите основни продукти во домаќинстовото.

За Мицковски, главниот виновник за поспакувањето на струјата е дуото Бислимовски – Заев, од кои побара оставки.

Мицкоски порача дека ова е првиот од серијата протести против како што вели „неправдите од Илинденска бр.2“ и детронизирање на власта која дошла на позиција со „украдени и поткупени избори“. Одново ја спомена жешката есен на протести за предвремен пад на власта.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе