Свет

„Дејли Меил“: Трамп номиниран за Нобелова награда за мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир за 2021 година.
„Дејли Меил“ информира дека Трамп бил номиниран само неколку недели откако посредувал во постигнувањето договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Трамп го номинирал норвешкиот пратеник Кристијан Тибринг-Гједе, кој го пофали американскиот претседател за неговите напори во решавање на конфликтите во светот.

Тибринг-Гједе, кој е и претседател на норвешката делегација во Парламентарното собрание на НАТО, рече дека администрацијата на Трамп имала клучна улога во воспоставувањето односи меѓу ОАЕ и Израел. „Овој договор може да биде превртница која Блискиот исток ќе го претвори во регион на соработка и просперитет“, пишува во писмото Гједе, кој го фали Трамп и за повлекувањето на голем број американски војници од Блискиот исток. Според него актуелниот американски претседател ја прекинал 39-годишната серија на американски претседатели, кои или започнале војна или САД го довеле во меѓународен вооружен судир.

Предходникот на Трамп, Барак Обама доби Нобелова награда во 2009-та година, предходно Теодор Рузвелт во 1906, Вудру Вилсон во 1920 и Џими Картер во 2002. Добитникот на наградата за 2021 ќе биде објавен во октомври идната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Загинаа 11 лица во руски напад врз областа Харков

Дејан Дејан

По смртта на Раиси иранската влада свика итен состанок- На неговиот профил на Х се објавени стихови од Куранот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе