Вести Економија

Заев очекува годината да се заврши со раст според предвиденото

Премиерот Зоран Заев очекува годината да се заврши со раст според предвиденото. Според него, проекциите за првиот и вториот квартал ги даваат условите да се заврши согласно проектираните проекции од минус четири проценти.

-Уште на почетокот на кризата, рековме дека најпогоден ќе биде вториот квартал. Март, април и мај се со минус 12,7 проценти. Нашата економија 60 проценти е поврзана со европската економија и голем дел од работите не зависат само од нас. Германската економија паѓа многу повеќе од нас, како и другите земји со кои трговски сме поврзани. Но во вториот квартал имаме и раст во неколку гранки како што е земјоделството и неколку други што покажува дека домашниот перформас е добар во вториот квартал и верувам дека ќе се задржиме на севкупниот пад на БДП да биде еден од најслабо погодените во регионот со намалување не повеќе од минус четири проценти во вкупниот раст, изјави Заев, во одговор на новинарско прашање за денеска објавените податоци за раст на БДП во вториот квартал.

Оцени дека падот е исклучително од ковид кризата притоа наведувајќи дека и бројот на невработени не е намален за 100 или 140 илјади и оти последните бројки покажуваат нешто над 12 илјади. Параметрите, истакнува, покажуваат дека добро се справуваме со економските состојби и оти треба да се продолжи со поддршката на македонската економија и компаниите во пребродување на кризата

Според лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, државата влегува во должничко сценарио предизвикано од економското цунами што го урива животниот стандард на граѓаните и како што рече, со најновата бројка која што денеска ДЗС ја објави, а се однесува на бруто растот, со падот на БДП влегуваме во рецесија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нарко бос од Македонија уапсен во Швајцарија откако си направил нов македонски идентитет

Дејан Дејан

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе